Од почетокот на бербата досега само преку Царинската управа во Кавадарци се извезени околу милион и половина килограми праски, соопшти градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.
– Царинските службеници заедно со другите пропратни служби, како фитосанитарната која издава уверение за квалитет на праските кои се извезуваат, одлично ја тераат постапката и засега нема никакви проблеми при извозот – рече Лазов.
Извезените праски, главно, завршуваат на пазарот во Русија, нешто помалку во Украина и во Белорусија, но одат и во бившите југословенски републики Србија и Хрватска. Праските што се извезуваат, според градоначалникот, имаат суперквалитет и добра цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Николовски: Се прават максимални напори за извоз на праските во други земји
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август


