| четврток, 6 декември 2018 |

Извоз на росоманската праска – само преку Кавадарци извезени милион и половина килограми

praskiОд почетокот на бербата досега само преку Царинската управа во Кавадарци се извезени околу милион и половина килограми праски, соопшти  градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

– Царинските службеници заедно со другите пропратни служби, како фитосанитарната која издава уверение за квалитет на праските кои се извезуваат, одлично ја тераат постапката и засега нема никакви проблеми при извозот – рече Лазов.

Извезените праски, главно, завршуваат на пазарот во Русија, нешто помалку во Украина и во Белорусија, но одат и во бившите југословенски републики Србија и Хрватска. Праските што се извезуваат, според градоначалникот,  имаат суперквалитет и добра цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top