Владата работи на тоа да нема штети од забраната за увоз на македонски праски во Руската федерација и да се врати состојбата во нормала, истакна денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по порибувањето на акумулацијата Глобочица.
Повтори дека земјава не добила официјално известување за времената мерка и дека се во тек засилените инспекциски контроли на пунктовите.
Според Николовски, претставници на компании од Англија и Косово се веќе во Росоман за да проценат дали може да откупат одредени количини од трите камиони што ги врати Рсуија.
– Посветени сме на извоз до последниот килограм праски или кое било друго овошје, да биде обезбеден пласман на други пазари. Го менаџиравме тоа цела недела и денеска претставници на компании од Англија и Косово се во Росоман. Менаџиравме да може да се извезе она што е веќе подготвено, подвлече министерот.
Соопшти и дека иницирал средба со рускиот амбасадор во Македонија.
– Како копретседател на меѓувладината комисија контактирав со другата страна, но новата Влада во Русија нема назначено копретседавачи. Цела година ги негувавме партнерските односи и во делот на земјоделството, со мојата посета на Русија правевме се да ги нормализираме активностите, бидејќи последните пет години немало никакви владини комуникации, објасни министерот Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август
-
Дојде живот за производителите на праски: Продажната цена падна на 2 денари по килограм
-
Ништо од ветеното: Наместо откупувачите да се тепаат кој повеќе ќе плати, бостанџиите се фатија за гуша