
Опозицијата не ја признава македонската влада. Останаа надвор од собраниската сала не признавајќи ја волјата на граѓаните, но и довербата на оние гласачи кои се одлучија да гласаат за нив. И додека СДСМ не ја признава Владата на сопствената земја, целиот свет ја признава и ѝ честита. Првиот човек на Обединетите нации, премиерите на Франција, Холандија, Чешка, Унгарија се само дел од тие што му честитаа за изборот и му посакаа успех во работата на премиерот Никола Груевски. Наспроти нив, СДСМ тера инает и според нивните позиции сите грешат кога ја признаваат и ѝ честитаат на новата влада, а само тие се во право. Солудата позиција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го изолира и го направи единствен кој не ги признава резултатите од изборите.
Во продолжение следат интегрално честитките до Груевски за изборот на премиер:
Премиер на Република Франција, Мануел Валс
Господине претседател на Владата,
Ви ги упатувам моите најикрени честитки за обновувањето на вашиот мандат за претседател на владата.
Ви посакувам успех во новиот мандат. Особено се надевам дека во текот на вашата влада земјата ќе успее да ги спроведе сите реформи во поглед на нејзиното европско приближување.
Бидете убеден господине претседател на Владата дека Франција ќе работи на зајакнување и унапредување на политичките односи како и на билатералната соработка која постои меѓу нашите две земји.
Ве молам господине Претседател на Владата да ги примете изразите на мојата висока почит,
Честитка Бан Ки Мун
Генерален секретар на ОН
Екселенцијо,
Сакам да ви честитам за вашиот реизбор за премиер и да ви посакам многу успех во спроведувањето на вашите важни одговорни задачи.
Јас ќе продолжам да сметам на силната поддршка на вашата држава која е под ваше лидерство, во однос на спроведувањето на целите и принципите на Обединетите нации и во нашите заеднички напори за решавање на многу меѓусебно поврзани глобални предизвици. Знаејќи дека многу од тие предизвици бараат цврст регионален пристап, јас сум охрабрен од важноста која ја имате во ускладувањето и градењето на продлабочени добрососедски релации и соработка во Југоисточна Европа.
Јас верувам дека Вашата Влада исто така ќе продолжи со понатамошното јакнење на демократските институции, вклученоста во дијалогот и одржувањето на внатрешните реформи на вашиот пат кон евроатланската интеграција. Во таа насока, ве уверувам во посветеноста на Обединетите нации за поддршка на вашата влада и граѓаните во остварувањето на вашите државни приоритети и планови.
Исто така сакам да ве уверам дека мојот личен преставник г-динот Метју Нимиц ќе продолжи да работи со вас и вашата Влада да се олесни пронаоѓањето на решение за спорот за прашањето за името кое го имате со Грција.
Ве молам примете го екселенцијо уверувањето за моето највисоко почитување
Марк Рут – премиер на Кралството Холандија
Ваша екселенцијо,
Ве молам дозволете ми да ги изразам моите искрени честитки за вашиот реизбор на функцијата премиер на Република Македонија. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата заедничка соработка, на политичко и лично ниво.
Јас сум убеден дека дијалогот помеѓу ЕУ и Македонија ќе продолжи да зајакнува, со отворањето на нови димензии во годините што доаѓаат…. Ви посакувам многу успех во остварувањето на задачите кои ви престојат.
Виктор Орбан, премиер на Унгарија
Почитуван господине претседател!
Дозволете ми во оваа прилика да ви ги упатам моите честитки за големата победа на предвремените парламентарни избори.
Убеден сум дека овој резултат сведочи за успехот на работата на вашата влада досега, како и ја одразува широката поддршка и доверба во општеството.
Ве уверувам дека Унгарија ќе продолжи и натаму да е посветена на поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија која ние сме подготвени да ја потпомогнеме на политичко и на ниво на експерти кои би го унапределе процесот.
Ви посакувам добро здравје и многу успех во извршувањето на вашата одговорна работа.
Бохуслав Соботка, премиер на Република Чешка
Ваша екселенцијо,
Сакам искрено да ви го честитам реизборот на функцијата премиер на Република Македонија. Убеден сум дека со вашето претходно искуство ќе придонесете за просперитетот и стабилноста на вашата држава.
Длабоко ги почитувам врските кои стојат помеѓу нашите држави и постоењето на одлично ниво на соработка. Кога веќе делиме многу заеднички вредности, вклучително интересот за развивањето на европските интеграции како понатамошниот развој на Северноатланска алијанса, постојат бројни области за унапредување на нашата заедничка соработка.
Ваша екселенцио, ви посакувам многу успех во вашата работа и со нетрпение очекува продолжување на заедничката соработка во иднина.
Бројни честитки и за Иванов
Исто така честитки стигнаа и за изборот на Ѓорге Иванов за претседател од влијателни светски политчари како Владимир Путин, Жозе Мануел Баросо, Јоахим Гаук.
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин во честитката до Иванов вели дека резултатите од гласањето потврдуваат негов голем политички авторитет и доверба на граѓаните.
-Вие давате значаен придонес за зацврстување на пријателските односи и за заемно корисната соработка меѓу Русија и Македонија, стои во писмото упатено од претседателот Путин.
Честитки до претседателот Иванов упати и претседателот на Сојузна Република Германија, Јоахим Гаук.
-Цврсто сум убеден дека патот кон правната држава внатре во земјата и балансираниот однос кон соседните земји е единствениот правилен пат, кој на Вашата земја и овозможува добра иднина во кругот на европските народи. Германија и понатаму ќе ве придружува на овој пат, стои во честитката од претседателот Гаук.
По повод реизборот на претседателот Иванов, писмо со честитка во име на Европската комисија и во лично име упати претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
-Како земја – кандидат постигнавте многу на планот на интеграцијата во Европската унија. Преостануваат важни предизвици и потребно е спроведување на натамошни реформи. Од суштинско значење е градење на довербата меѓу граѓаните во демократските процеси. Добрососедските односи, вклучувајќи ги и преговорите за заеднички прифатливо решение за спорот со името, остануваат од суштинско значење. Ви посакувам успеси како Претседател во справување со предизвиците и исполнување на европските аспирации на Вашата земја, а во интерес на сите граѓани, стои во писмото од Баросо.
Повторното преземање на функцијата Претседател од страна на претседателот Иванов го честиташе и претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски, кој изрази задоволство од односите меѓу двете земји.
-Би сакал да ја истакнам полската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Македонија. Се надевам на успешна соработка меѓу нашите држави и интензивирање на економската соработка, стои во писмото на полскиот претседател.
Искрени честитки до претседателот Иванов упати и претседателот на Република Чешка, Милош Земан, посочувајќи дека според него реизборот претставува израз на доверба која македонскиот народ ја има кон претседателот Иванов.
-Цврсто верувам дека и понатаму ќе успеваме да продолжиме со нашето традиционално пријателство и дека ние двајца од своите функции ќе придонесуваме за исполнувањето на потенцијалот на заемна соработка на нашите земји. Затоа, примете го моето уверување за постојана поддршка од Република Чешка за македонското членство во Европската Унија и Северноатланската алијанса, стои во писмото од чешкиот претседател.
Реизборот на претседателот Иванов го честиташе и претседателот на Словачката Република, Иван Гашпарович.
-Верувам дека пријателските односи меѓу Словачката Република и Република Македонија ќе продолжат да се развиваат во сите сфери од заемен интерес, стои во честитката од претседателот Гашпарович.
Писмо со честитки до претседателот Иванов упати и претседателот на Унгарија, г. Јанош Адер, во кое изразува задоволство од воспоставеното пријателство и политичките и економски односи меѓу двете земји.
-Ве уверувам дека Унгарија на меѓународните форуми и во престојните години активно и со искрено убедување ќе ги поддржува напорите на Македонија за европска интеграција и за членство во НАТО. Искрено се надевам дека пречките во поглед на вашето придружување ќе бидат надминати што е можно поскоро и вашите напори ќе доведат до успех, стои во писмото од претседателот Адер.
Претседателот на Република Литванија, г-ѓа Далија Грубаускаите во својата порака му посака на претседателот Иванов со волја и мудрост да продолжи да ги извршува одговорните должности работејќи за општото добро и безбедноста на граѓаните на Република Македонија.
-Литванија секогаш стоеше на страната на Република Македонија на патот на спроведувањето на реформите и обезбедување на мир, стабилност и просперитет за своите граѓани. Цврсто верувам дека Литванија ќе остане доследен поддржувач на вашата земја и нејзините напори за интеграција во евроатланските структури, стои во честитката од претседателот на Литванија.
Според позициите на најголемата опозициска партија сите грешат кога ја признаваат и честитаат на новата влада која доби лигитимитет изразен со над 200 илјади гласа повеќе во однос на опозицијата и убедливата победа на претседателот Иванов пред Стево Пендаровски.
Неодржливите позиции која ги застапуваат Зоран Заев и СДСМ со непризнавањето на Владата и претседателот Иванов ги изолираат и ги прават единствени кои не ги признаваат резултатите од парламентарните и претседателските избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


