| четврток, 6 декември 2018 |

Портокалово на усните е вистински хит

Дека портокаловите тонови ќе доминираат оваа пролет и лето беше сосема јасно неколку недели по модните недели во светските центри, а на тоа укажаа и Галијано, Дона Каран, Фенди, кои ја фаворизираа оваа боја на кармин на своите ревии.

Портокалова, и тоа сјајна, а не мат и нежна, боја на мандарина, а не на диња е бојата на карминот што мора да го имате во несесерот оваа сезона. Пролетта и летото 2014 година ќе бидат целосно во тоновите на забава и никого нема да го остават рамнодушен.

Дека портокаловите тонови ќе доминираат оваа пролет и лето беше сосема јасно неколку недели по модните недели во светските центри, а на тоа укажаа и Галијано, Дона Каран, Фенди, кои ја фаворизираа оваа боја на кармин на своите ревии.

 

Atraktivno94-2

Кармин или молив

Кармин како молив е многу практичен, ја навлажнува усната и лесно се нанесува. Тој е идеален за носење во текот на денот.

Мат кармин

Уште еден тренд оваа сезона се мат кармините, па ако сакате да го следите трендот, секогаш под карминот нанесете коректор.

Некои предлагаат силни, некои посветли тонови на портокалово, но сите се согласуваат дека оваа боја во кој било облик е хит за пролетта и за летото 2014 година. Без разлика на тенот, портокаловата е многу едноставна за комбинирање и лесно се вклопува, а ако одберете посветла нијанса, нема да погрешите.

Кога употребувате портокалов кармин, најважно е како ќе го нанесете.

Многу е важно усните да не ви бидат суви и испукани, а за да трае бојата повеќе користете молив со кој претходно ќе ги нагласите контурите.

Никогаш не користите молив што е потемен од бојата на карминот. За светлите нијанси на карминот одберете молив со боја на крем. Така сигурно нема да погрешите.

Без разлика за која нијанса на портокалово ќе се решите – дали е тоа боја на морков, мандарина, диња, кајсија, кај оваа боја на кармин е добро тоа што со него, буквално, нема да ви биде потребна друга шминка. Малку маскара на трепките и силен кармин во портокалово се сосема доволно за да изгледате средено и модерно за многу кратко време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top