| четврток, 6 декември 2018 |

Последни подготовки: со помош на моливче за очи направите вашиот кармин да трае цела ноќ

Можеби ви изгледа невозможно, но моливчето за очи е многу поефикасно од нормалното моливче за усни. Со помош на моливчето со кое најчесто ги дефинирате вашите очи, вие можете да направите карминот да ви трае цела ноќ.

redlips004

Со оглед на тоа што овој продукт е како восок, секоја боја која ќе ја додадете врз него ќе се залепи и нема да мрдне долг период. Сè што треба да направите е да изберете моливче со боја на кожа и за само неколку секунди ќе имате совршени усни без никакви потешкотии.

1. Нацртајте линија околу вашите усни

2-kako-so-pomosh-na-molivche-za-ochi-da-napravite-vashiot-karmin-da-trae-cela-nokj-www.kafepauza.mk_

 

Најпрво, внимателно обојте ги усните со моливчето, движејќи се по надворешниот раб. Погрижете се да направите мазна и чиста линија. На овој начин ќе ја заробите бојата и таа нема да се размачкува.

2. Прекријте ја целата површина на вашите усни

Следниот чекор е пополнување на површината на вашите усни со моливчето за очи во границите кои претходно сте ги исцртале. Целта е целосно да ги прекриете вашите усни за да можете потоа врз нив да нанесете боја.

3. Нанесете кармин и подгответе се да бидете воодушевени

Најинтересниот дел доаѓа на крај. Нанесете го вашиот омилен кармин на истиот начин како што нормално го правите тоа, овој пат прекривајќи ја бојата на моливчето за очи и тој ќе трае долго, долго време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top