| четврток, 6 декември 2018 |

Мали трикови кои ќе направат вашите тенки усни да изгледаат полни без естетски зафати!

Отсекогаш сте сакале вашите усни да изгледаат сочно и полно. Не сакате естетски зафати и се трудите со шминка да ја постигнете вашата цел.

Ви претставуваме 5 трикови кои вашите усни ќе ги доведат до совршенство. Малку техника и неколку совети ќе направат да се чувствувате посебно.

Избегнувајте темни најанси на кармини

Доколку мислевте дека потемна боја на кармин ќе ги зголеми вашите усни, се лажете. Ќе добиете спротивен ефект. Посветли тонови се вистински избор за визуелно да ги зголемите вашите усни. Бирајте моливче за усни во неутрална боја, нацртајте ги усните над нивната природна линија. Потоа, усните пополнете ги со истото моливче, па на крај користете кармин во слична нијанса.

61189558-diane-kruger

Правилна употреба на сјај за усни

Сјајот нанесувајте го само на центарот на доллите и горните усни. На тој начин се добива 3Д ефект, заради рефлексија на светлото од страна на сјајот.

Шминка за очи

Неутралните тонови на усните совршено стојат со нагласени очи. Нагласени очи со долги трепки и полни веѓи ќе го привлечат вниманието на нив, а неутралните тонови на усните совршено ќе се склопат со очите.

61189559-kate-mara

Хидратација на усните

Хидратацијата на усните е многу важна. Усните се осетливи и мора да имаат посебна нега. Ако дозволите усните да ви испукаат, ќе изгледаат уште потанки отколку што се.

Заштита од сонце

Доволно сме запознати со штетноста на УВ зраците. Заштитете ги усните затоа што УВ зраците го намалуваат колагенот, а со самото тоа и ги смалуваат усните. Користете балсам против УВ зраци и тој нека ви биде при рака секогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top