| четврток, 6 декември 2018 |

Течниот кармин трае со часови

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи со цел да ги задоволи барањата на своите корисници, во Кампања 15 компанијата Avon ги промовира новиот течен кармин „Mарк“ и ротацискиот ноќен крем-третман против брчки Anew Infinite Reversalist.

Најсилните страни на течниот кармин  е фактот дека трае со часови без да ги суши усните благодарение на гел-подлогата, целосно ги покрива усните со интензивна боја и притоа се добива максимална прецизност без размачкување. Ротацискиот ноќен крем е моќен третман кој ги измазнува брчките на лицето, ја подмладува кожата и го изедначува тенот.

Течниот кармин е достапен во мат и сјајна формула, а девојките имаат избор од 20 различни нијанси, по 10 од секоја формула. Една од најспецифичните иновации врзани за течниот кармин е апликаторот во форма на дијамант со кој веднаш, дури и на краевите од усните, карминот се нанесува брзо и лесно. Формулата на течниот кармин е богата со пигмент што дава интензивна и долготрајна боја на вашите усни, а самите усни добиваат јасна дефиниција.

– MARK е колекција наменета за девојки и жени кои сакаат да експериментираат со бои и не се плашат да ги покажат своите предности. Со оглед на тоа дека денешниот живот станува побрз, на жените им се потребни решенија и производи кои се долготрајни и овозможуваат лесно нанесување, велат од Авон.

Ноќниот крем-третман Anew Infinite Reversalist по една недела користење значително ја потхранува кожата со формулата PHYTOL+ и ја подготвува за активна обнова во текот на втората недела, преку примена на втората формула со Super Retinol. Овој револуционерен концепт една година бил на клинички тестирања и унапредување на формулата за на крај да се добие идеалниот производ кој дава видливи резултати кои постојано напредуваат.

– Производот е составен од 2 ноќни кремови кои се употребуваат наизменично на секои 7 дена и со самото тоа помагаат кожата постојано да реагира на дејството на активните состојки. Докажано е дека овој пристап е многу поефективен отколку употребата само на ретинол. Нивото на колаген се зголемува, а резултатите се засилуваат по секој изминат месец па сè до една година, – велат од канцеларијата на Avon во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top