Вчеравечер во одлична атмосфера и со максимална поддршка од колегите од естрадата, Димитар Андоновски, конечно по долги години работа, го промовира својот прв албум, насловен „Ова небо знае сѐ“. На албумот се најдоа вкупно 12 песни, дел од нив познати на македонската јавност, а дел сосема нови.

– Мојата музика е мојот живот, емоција која секогаш храбро и уникатно добива душа, благодарение на Лазар и Магдалена Цветковски. Кога музиката е препознатлива и пеена, таа е најголемата награда за еден пејач. Горила продукција, благодарам за организацијата, продукцијата, настаните, спотовите и сѐ што на мојата музика ѝ дава живот. Благодарам на моето семејство без кое никогаш немаше да стигнам таму каде што сум. Им благодарам и на моите колеги, соработници, пријатели и инспирации и најмногу вам, драга публико. За вас постојам, создавам и пеам. Вашата љубов е мојот поттик… за да создавам музика која ќе трае – рече Димитар Андоновски во емотивна изјава.

Магдалена Цветковска, Маја Вуќичевиќ, Роберт Билбилов, Тамара Тодевска, Пере и Франц, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Дарко Илиевски, Влатко Лозановски, беа само дел од колегите и соработници кои со своето присуство го почестија Димитар, кој и овојпат во свој стил беше облечен во шарена и впечатлива кошула.

Задоволен од соработката, Андоновски на овој албум ги сметки песните за кои се пронајде со работата на Лазар Цветковски, Ена, Мартин Вучиќ, Калиопи и Слаткар.
На оваа промоција, беа објавени и деталите за новиот видеоспот кој се снимаше пред неколку дена, на различни локации и има навистина интересна приказна. Тој треба да излезе за неколку дена, а останува на публиката да процени дали ќе ѝ се допадне.

Од неговата продукција „Горила“ најавуваат дека Димитар го чека работно напорно лето исполнето со многу настапи пред публиката која сака да ја слуша неговата музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


