| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанката Вера Дучевска изгреба половина милион денари со Детелинка

Детелинката со четири листа секогаш не асоцира на среќа. Инстант лозот Детелинка освен што носи среќа кај играчите нуди и убави можности за парични добивки. Среќните четири ливчиња на Детелинката, ја радуваа Битолчанката Верка Дучевска.

Таа по 21 година остана без работа. Во исчекување на уште четири години кои ја делат од пензија, Верка редовно трага по среќата, играјќи ги игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Најчесто ги бира Детелинка и Среќни Коцки. Со Инстант лотаријата Детелинка поинтензивно се дружи од празникот Велигден, па често се радувала на помалите добивки како 200 денари, 500,00 и 1000, 00 денари.

Последната среќна Детелинка ја купила во продажното место Легион во Битола. До неа стасала по претходни два обиди кои и донеле помала добивка, а таа ги прифатила како предизвик да продолжи да игра. Трите идентични суми од половина милион денари на среќната Детелинка и ја обезбедија оваа убава парична добивка, која Верка ќе ја искористи да ги израдува членовите на своето семејство.

Половина милион денари се нејзини, па сега Верка има друг предизвик кој сака да го освои. Посакува милион денари, најголемата добивка во Инстант лотаријата Среќни коцки или 7ка на Новолото.

Само за потсетување лозот Детелинка беше лансиран на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top