| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во животот купила грепка и доби скутер (ФОТО)

smajli

Повторно насмевка и добивка донесе инстант лозот Смајли на продажното место на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол.

Нашата екипа имаше можност да биде дел од оваа атмосфера, а водителката Маријана Станојковска ги додели клучевите на најновиот член во семејството добитници. Со купени само два лоза, по 30 денари секој,  Мјафтиме Мислими од Гостивар е среќна добитничка на прекрасен скутер Gillera Runner 50.

smaj

Не верувала во среќата и не учествувала во игри на среќа, но сепак таа и сопругот при прошетка во Скопје Сити Мол решиле за прв пат да купат по еден инстант лоз од среќното место на Државна лотарија на Македонија. По изгребаните три исти симболи и потврдената добивка, патот на добитничката водеше кон салонот на Динамикс, каде со стручна помош на сопругот го избра својот скутер од гамата на познатиот италијански бренд Piaggio. Денес чекаа да преврне и по дождот, заминаа кон Гостовар со скутерот кој го добија за само 30 денари. Нека им е со среќа!
Државна лотарија на Македонија ви нуди многу можности да инвестирате во својата среќа, и да добиете вредни добивки. Секој трет лоз е добитен, а  така добивате шанса за побрзо освојување на посакуваниот скутер. Инстант лозот СМАЈЛИ  чини 30,00 денари а нуди можности за освојување на еден од 35-те cкутери од моделите: Gilera Runner 50, SR 50  или Vespa Lx2T. Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да си ја проба среќата и да освои инстант добивка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top