| четврток, 6 декември 2018 |

Со 80 денари до 15.000 евра од Ново Лото 7/34

55-тото коло во 2017 год. на Ново Лото 7/34 донесе добивка „6+1“, вредна 925.378,00 денари. Среќниот добитник ги уплатил своите среќни броеви во Велес, во продажното место “Тобако Марко“.

Уплатил четири комбинации, а добивката му ја донела третата комбинација од седум броеви. Извлечени броеви во ова 55-то коло на НовоЛото 7/34 беа : 8,9,10,18,25,26,27 и дополнителниот број 23. Токму овој дополнителен број е бројот кој ја прави разликата помеѓу добивките „шестка“ и „шест плус еден “, а во ова 55-то коло му донесе близу 1.000.000 денари на среќниот добитник од Велес.

Добивката „6+1“ како една од поголемите добивки во Ново Лото 7/34, следува само неколку кола по добиената седумка вредна 6.000.000 денари , која во 48-то коло на Ново Лото 7/34 замина во рацете на брачен пар од Куманово .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top