| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти на „Гринпис“ за качија на зграда на ЕУ во Брисел

Активисти на организацијата „Гринпис“ утринава се качија на зграда во Брисел, соседна на таа во која денеска ќе се одржи самитот на ЕУ.

grinpis

Четворица активисти на еколошката организација со јажиња и кациги се спуштија по фасадата и се врзаа на последниот кат на зградата во изградба. Тие раширија транспарант на кој е прикажан автомобил што паѓа во амбис со имињата на нафтени и електро компании.

Полицијата ја набљудува постапката на активистите без да интервенира.

– Тие не прават ништо лошо – рече претставник на полицијата.

Екоактивистите сѐ уште беа на зградата кога првите делегации за средбата на врвот на ЕУ почнаа да пристигнуваат.

Зданието во изградба е идното седиште на претседателството на Европскиот совет. Тоа се наоѓа непосредно до зградата во која денеска ќе се одржи средбата на шефовите на држави или влади од 28-те членки на ЕУ со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top