Треба да се чека решение по законски пат за парцелата на која место парк ќе никне зграда, наместо насилни протести со удирање по параваните, вели Фатмир Етеми, инвеститорот на градбата кај „Мајчинн дом“ во скопски Аеродром, во гостување во емисија на „1ТВ“.
– Јас сум доктор на науки за урбанизам и имотно-правни односи. Оваа градба каква што е сега во оваа фаза, не може да ја сопре општината, туку само Управен суд, а и тоа ќе биде тешко затоа што сите процедури се завршени и уплатени и поминат е во одделението за градба. Имам месечна кредитна рата од 183.000 евра и мојата фирма ќе банкротира ако општината привремено ми ја стопира изградбата, каква што е сега ситуацијата. На едната парцела, иако од исплатливост беше многу болно, ја скратив градбата за да остане уредување на зеленило, а на другата парцела која ја имаме добиено ќе има само разеленување. Го намаливме габаритот и квадратурата на зградата и ветивме дека ќе инвестираме во зеленилото – рече поранешниот пратеник од редовите на ДУИ и актуелен член на извршниот одбор на Комерцијална банка.
Им порача на оние кои протестираат да се информираат навреме и да ги следат навреме активностите со урбанизмот и ДУП-овите, а не да реагираат кога веќе е предоцна.
– Ова е меѓупартиска пресметка на мој грб. Јас сум стар Скопјанец и знам дека некои се подготвени за 100 евра да најдат млади и да ги донесат на агресивни протести. Моите инвестиции се општествено одговорни и секогаш си ги плаќам даноците. Ова е вертикална градба со еколошки стандарди. Имамме правосилно решение, нема да се повлечеме како фирма, ние ако треба ќе ги тужиме за надомест на штета и за кривична одговорност. Можете да замислите каков стрес е тоа за моите работници, никој не смее да одобри такви насилни протести и решението треба да се бара по законски пат – рече Етеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инвеститорот гради кај Мајчин дом, аеродромци повикуваат на протест во 18 часот
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!