| четврток, 6 декември 2018 |

За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!

Градежната инспекција на општината Звездара во мај оваа година, донела решение за рушење на нелегалниот објект во улицата Светозар Зориќ, пишуваат Новости.

Ова градежно чудо стана предмет на исмевање во јавноста, но истовремено предизвика шок и прашање како е можно некој нелегално да подигне објект од седум спратови, со толкава должина, а никој да не забележи што се случува. Зградата е толку тенка и долга, што е просто неверојатно дека некогаш може да биде легализирана, безбедна и функционална.

Во мај годинава поднесена е и кривична пријава против инвеститорот, чиј идентитет општинската комисија, наводно не успеала да го утврди, а кој во меѓувреме ги продолжил работите. Во српските медиуми се пишуваше дека се работи за случај на нерасчистени имотни односи меѓу двајца браќа.

Лентата со знак за затворено градилиште, кое инспекцијата го поставила во мај, како што велат соседите, отстранета е со молскавична брзина, а работите се продолжени преку ноќ.

Освен необичниот изглед и локацијата е неверојатна. Плацот на кој се гради е тесен и непристапен, а патот завршува каде и градилиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top