Активисти на организацијата „Гринпис“ утринава се качија на зграда во Брисел, соседна на таа во која денеска ќе се одржи самитот на ЕУ.
Четворица активисти на еколошката организација со јажиња и кациги се спуштија по фасадата и се врзаа на последниот кат на зградата во изградба. Тие раширија транспарант на кој е прикажан автомобил што паѓа во амбис со имињата на нафтени и електро компании.
Полицијата ја набљудува постапката на активистите без да интервенира.
– Тие не прават ништо лошо – рече претставник на полицијата.
Екоактивистите сѐ уште беа на зградата кога првите делегации за средбата на врвот на ЕУ почнаа да пристигнуваат.
Зданието во изградба е идното седиште на претседателството на Европскиот совет. Тоа се наоѓа непосредно до зградата во која денеска ќе се одржи средбата на шефовите на држави или влади од 28-те членки на ЕУ со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата



