| четврток, 6 декември 2018 |

Терминал на аеродромот во Сиднеј остана затворен три часа поради прекин на струја

Поради прекин во дотекот на електрична енергија, терминалот за домашни летови на аеродромот во Сиднеј денеска остана затворен речиси три часа, јави ДПА.

rim aerodrom

Хаваријата на аеродромот се случи на првиот ден од летниот распуст на австралиските ученици, кога голем број лица заминуваат или пристигнуваат во Сиднеј.

Поради прекинот на електрична енергија неколку илјади лица останаа заглавени на Терминалот 2 на аеродромот, бидејќи компаниите „Вирџин“, „Џетстар“ и „Рекс“ ги одложија своите летови.

Во исто време, летовите на австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ се реализираа без откажувања, бидејќи неговите авиони беа пренасочени кон Терминалот 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top