Поради прекин во дотекот на електрична енергија, терминалот за домашни летови на аеродромот во Сиднеј денеска остана затворен речиси три часа, јави ДПА.
Хаваријата на аеродромот се случи на првиот ден од летниот распуст на австралиските ученици, кога голем број лица заминуваат или пристигнуваат во Сиднеј.
Поради прекинот на електрична енергија неколку илјади лица останаа заглавени на Терминалот 2 на аеродромот, бидејќи компаниите „Вирџин“, „Џетстар“ и „Рекс“ ги одложија своите летови.
Во исто време, летовите на австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ се реализираа без откажувања, бидејќи неговите авиони беа пренасочени кон Терминалот 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)