Друштвото на писателите на Македонија утре напладне ќе одржи трибина посветена на погледите на академик Милан Ѓурчинов за превирањата и контроверзите во книжевноста и општеството. Повод за оваа средба со Ѓурчинов е неговата студија „Освојување на реалноста“, позната и како негова Интелектуална автобиографија, која подолго време во литературниот живот е предмет на интерес и нови расчитувања.
Милан Ѓурчинов како критичар, есеист, полемичар и антологичар е сведок и учесник на сите фази од повоениот развој на македонската литература. Автор е на низа критичко-есеистички дела кои ги изразуваат спецификите на неговите пристапи, толкувања и анализи на творештвото на писатели од различни генерации.
Воведен збор на трибината во ДПМ ќе има проф. д-р Славица Србиновска, која ќе го модерира и разговорот на учесниците со академик Милан Ѓурчинов.
Ова е прва од серијата планирани трибини на актуелни теми од доменот на литературата и културата што Друштвото на писателите на Македонија ќе ги организира во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
Академик Ѓурчинов беше несекојдневна и исклучителна личност, борец за слободата на уметноста
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре