| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина во ДПМ: Контраверзите во книжевноста и општеството

Друштвото на писателите на Македонија утре напладне ќе одржи трибина посветена на погледите на академик Милан Ѓурчинов за превирањата и контроверзите во книжевноста и општеството. Повод за оваа средба со Ѓурчинов е неговата студија „Освојување на реалноста“, позната и како негова Интелектуална автобиографија, која подолго време во литературниот живот е предмет на интерес и нови расчитувања.

Милан Ѓурчинов како критичар, есеист, полемичар и антологичар е сведок и учесник на сите фази од повоениот развој на македонската литература. Автор е на низа критичко-есеистички дела кои ги изразуваат спецификите на неговите пристапи, толкувања и анализи на творештвото на писатели од различни генерации.

Воведен збор на трибината во ДПМ ќе има проф. д-р Славица Србиновска, која ќе го модерира и разговорот на учесниците со академик Милан Ѓурчинов.

Ова е прва од серијата планирани трибини на актуелни теми од доменот на литературата и културата  што Друштвото на писателите на Македонија ќе ги организира во наредниот период.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top