Град Скопје изврши бележење јавен простор во главниот град погоден за одржување јавни настани и манифестации со цел отворање и промовирање на тој простор за креативна, уметничка, културно и социјално ангажирана продукција, како и за спроведување забавни, спортски и други иницијативи и општествено-промотивни активности.
Како што соопштуваат од Градот, целта е да им се излезе в пресрет на граѓаните и на културните работници и уметници, кои во текот на изработувањето на Стратегијата за развој на културата, го акцентираа како проблем отсуството на евидентиран преглед на постојани јавни и отворени простори на територија на Скопје, кои се во надлежност на Градот Скопје и на општините во градот Скопје.
Изработката на мапата се одвиваше во соработка со општините во градот Скопје, кои доставија информации за јавни локации и површини што се во нивна надлежност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


