| четврток, 6 декември 2018 |

Бележење погоден простор за манифестации

skopjeГрад Скопје изврши бележење јавен простор во главниот град погоден за одржување јавни настани и манифестации со цел отворање и промовирање на тој простор за креативна,  уметничка,  културно и социјално ангажирана продукција,  како и за спроведување забавни, спортски и други иницијативи и општествено-промотивни активности.

Како што соопштуваат од Градот, целта е да им се излезе в пресрет на граѓаните и  на културните работници и уметници, кои во текот на изработувањето на Стратегијата  за развој на културата, го акцентираа како проблем отсуството на евидентиран преглед на постојани  јавни и отворени простори на територија на Скопје, кои се во надлежност на Градот Скопје и на општините во градот Скопје.

Изработката на мапата се одвиваше во соработка со општините во градот Скопје, кои доставија информации за јавни локации и површини што се во нивна надлежност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top