Централното греење ќе се врати во рацете на Градот. Преземањето на топловодната мрежа од компанијата „Балкан Енерџи Груп“ според уверувањето на градоначалникот Шилегов ќе почне по 15 април а ќе заврши до следната грејна сезона. За таа цел ке се формира ново ЈП што ќе биде надлежно и за гасификацијата што се очекува да почне оваа година. Примарна цел вели тој е целосно поврзување на топловодниот систем во Скопје, намалување на загадувањето и намалување на цените за парно греење. Не се очекува раздвојувањето на дејностите да предзвика фискални или оперативн реперкусии врз работата на БЕГ
„Цената на парното ја регулира РКЕ а за неа влијаат и трошоците на субјектите.Со добро работење ќе ги намалиме трошоците и без разлика на движењето на енергенсите на граѓаните ќе им понудиме поефтина услуга“, изјави градоначалникот Шилегов.
Експертите се соменваат дека целата постапка ќе може да се заврши до следната грејна сезона. Процесот на преземање на дистрибутивната мрежа е многу долг вели професорот Константин Димитров бидјеки треба да се изработат повеќе од 40 поздаконски акти а во прашање ќе биде и позитивниот ефект врз крајните корисници.
„Зависи од цените на природниот гас.Не може некој да ви рече, работи поефтино.Кога топлификација работеше, цените беа 40% повисоки а со БЕГ паднаа.Сега ако градот влезе, ќе ангажира вработени, нови простории, тоа треба да се плати“, рече Димитров.
Компанијата БЕГ има лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија на 35 години.велат дека намерата на градот нема да ја коментираат додека не се изгласа новиот закон Топлинска мрежа во Скопје била во рацете на градот се до 1999 година кога со одлука на владата се доделува на ПУИГ а потоа таа се отстапува на фирмата БЕГ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.