| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се намачи со Степанек во второто коло на Вимблдон

Wimbledon Championships

Српскиот тениски ас и втор тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во второто коло на неофицијалното светско првенство во Вимблдон потешко од очекувањата во второто коло го победи чешкиот тенисер Радек Степанек со 3-1 (6-4, 6-3, 6-7, 7-6) во сетови по повеќе од три часа игра.
Ноле ги искристи двете брејк-шанси во првите два сета и лесно поведе со 2-0. Сепак, Степанек не се предаде лесно и со фантастична игра во третиот сет успеа во тај-брејкот да слави со 7-6. Кога четвртиот сет, исто така, отиде во 13. одлучувачки гем постоеше можност победникот за натпреварот да биде одлучен во петтиот сет. Новак успеа да направи три брејк-поени и да го победи противникот.
Натпреварот изобилуваше со прекрасни удари од двајцата тенисери и борба за секој поен.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе се сретне со францускиот тенисер Жил Симон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top