
Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје денеска, во 13 часот, се организира голема донаторска изложба на ликовни дела од продажен карактер, со цел прибирање средства кои се итно потребни за лекување на 22-годишниот Еркан Ќахили во Народна Република Кина, каде што треба да се направи трансплантација со матични клетки.
Во Големиот салон на галерија „КО-РА“ ќе бидат изложени дела на голем број истакнати македонски ликовни уметници кои тие ги донираа за оваа намена, како Решат Ахмети, Данчо Ордев, Бурхан Ахмети, Новица Трајковски, Маја Рауник К., Агрон Абдули, Трајче Блажевски, Марија Светиева, Наташа Станковска З., Радослав Марковиќ, Ленче Коцевска, Билјана Цветковска, Владимир Талевски, Тана Танеска, Луси Хуи Т., Васка Опелоска, Анастас Дудан, Димитар Поп Марков, Валентина Петровска, Даниела Велеска, Марика Ванчева….. Делата се работени во повеќе техники и во различни формати.
На изложбата се донирани и икони од Марјан Љушев, Пецо Трајановски, како и резба од Благица Србиноска, Владимир Благојевиќ.
На свеченото отварање на изложбата е предвиден и мал камерен концертен настап на музичарите кои сакаат да ја помогнат оваа хумана акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


