Во среда конечно премиерно ќе може да ја слушнеме песната која оваа година ќе не претставува на најголемиот натпревар на музика кој се случува на ниво на Европа. Есма Реџепова и Влатко Лозаноски придружувани од народниот оркестар на МТВ, и Биг Бенд, ќе ја отпеат евровизиската „Империја“.
-Велат дека упорноста и трудот секогаш одат заедно и резултираат со неминовен успех. Како доказ на ова тврдење, подготвивме шоу, за кое нескромно можам да кажам дека ќе изгледа и повеќе од светски. Преку шоуто, нашите гледачи ќе имаат можност да бидат сведоци на она на што подолг временски период неуморно работи тимот на Македонската радио телевизија и безрезервно вложува во проектот наречен „Евровизија 2013“. Го поканувам сиот македонски аудиториум, но и пошироко да го проследи евровизиското шоу, оваа среда, во 20.45 часот и за прв пат да ја слушне хитовската „Империја“, како и да го види спотот за истата, изјавил Љупчо Мирковски, шеф на евровизиската делегација на Македонската радио телевизија.
Евровизискиот хит „Империја“ е дело на авторот и текстописец Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се дел на Симеон Атанасов и Дејан Момироски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.