| четврток, 6 декември 2018 |

Украдениот мурал на Бенкс повлечен од аукција во САД

Еден мурал на британскиот уличен уметник Бенкс е повлечен од аукција во САД, по забелешките на станарите на линдондкиот кварт од која бил украден

316810_benksi-mural-ap_ff

Цртежот „Робовска работа“ на кој е прикажано момче како шие на машина, на почетокот на месецов исчезнал од ѕидот на една продавница во северен Лондон, за потоа да биде понуден на аукција на сајтот на една аукциска куќа од Мајами.

Муралот требало да биде продаден по цена од 500.000 и 700.000 долари, но „Аукцијата за фини уметности од Мајами“ сега наведува дека тоа дело е повлечено од продажба, без да ги наведе причините за својата одлука.

Клер Кобер, застапник на советот на лондонскиот кварт Харингеј, од каде што е украден муралот, најавила дека сега ќе се обиде да им го врати делото на Бенкси, на своите сограѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top