| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на единствената електронска платформа за граѓански организации, институции, медиуми и експерти – Екосфера

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје и Центарот за едукација, заштита на животната средина и природата „Биосфера“ од Битола утре официјално ќе ја промовираат и пуштаат во употреба единствената електронска платформа за граѓански организации, институции, медиуми и експерти- Екосфера.
Главна цел на еколошката платформа Екосфера е да им помогне на еколошките здруженија активно да учествуваат во консултативните процеси, адекватно да разменуваат информации со надлежните институции, медиуми и експерти, да развиваат партнерства и да соработуваат, да ги следат влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално и национално ниво и да ја подобрат својата отчетност пред јавноста.
Пред присутните ќе се обратат: г-дин Стево Темелковски, Заменик Министер, Министерство за животна средина и просторно планирање, г-дин Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ Програмата за мали грантови – Македонија, г-дин Стојан Лешоски, проектен координатор во Еко-свест, г-дин Нешад Аземовски, претседател, Биосфера, г-дин Методија Саздов, претседател на Македонски зелен центар.
По промотивниот настан и коктелот, предвидена е работилница со наслов „Иднината на Екосфера“ наменета за сите заинтересирани страни.
Вкупниот буџет на проектот е 50 543,71 американски долари од кои 25 000 американски долари се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатите се учество на Еко-свест, Биосфера и приватни компании од Македонија.
Проектот е исто така подржан од Министерството за животна средина и просторно планирање како и од Министерството за информатичко општество и администрација.
Повеќе информации ви се достапни на адресата на платформата www.ekosfera.mk или од координаторот на проектот Стојан Лешоски.
Дополнителни информации за уредниците
ГЕФ (www.TheGEF.org)
ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.
Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 12,5 САД$ милијарди во грантови и генерирајќи 58 САД$ милијарди во кофинансирање на преку 3.690 проекти во над 165 земји.
ГЕФ ПМГ (www.sgp.undp.org)
Основана во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ (невладини организации) во развиените земји во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/неразградливите органски загадувачи и спречување на деградацијата на земјиштето истовремено генерирајќи одржлива егзистенција.
Од своето постоење ПМГ има доделено над 14.000 грантови на над 12.000 заедници во 126 земји. Финансирана од ГЕФ како коперативна програма, Програмата за Мали Грантови ПМГ е спроведувана од УНДП и е извршувана од Канцеларијата за Проектни Услуги на Обединетите Нации – УНОПС.
ГЕФ ПМГ Македонија (www.gefsgpmacedonia.org.mk)
Во Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна во мај 2005. Во периодот мај 2005- декември 2013 објавени се девет повика за поднесување на проектни концепти/ предлог проекти. Финансирани се 97 проекти (84 предлог проекти и 13 планирачки грантови) со вкупно доделена сума 1.934.682 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 2.284.240 САД$. Вкупна сума: 4.218.922 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биолошка разновидност: In-situ заштитени 13 автохтони и глобално значајни видови (1. Овца Праменка, 2. Македонскиот пчела, 3. Крава Буша, 4. Воден Бивол, 5. Жолт локвањ, 6/7. Локален вид на јаболка (циганка) и круши (сулија), 8. Лилјаци и 9/10. речиси исчезнати македонски риби речната пастрмка и речниот Вретенар Zingel balcanicus, 11. Сребрена кокошка, 12. куче Шарпланинец, 13. Папрат; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 40 Енергетски ефикасни образовни објекти, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 300 тCO2/год и Неразградливи органски загадувачи ПОПс/хемикалии: околу 30% од пластичниот отпад во Југоисточна Македонија не е запален и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот; селектирани и рециклирани 50 т/год пластичен отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top