Денеска ќе се оддржи средбата што треба да го означи почетокот на разговорите меѓу власта и опозицијата за надминување на политичката криза во која влезе земјава, откако СДСМ и коалициските партнери решија да не ги признаат изборите и да поднесат оставки во Собранието. И двете страни тргнуваат од дијаметрално спротивни позиции. Премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев ќе седнат да разговараат за барањата на опозицијата и за можноста тие да работтат, како што вели премиерот, за иднината на земјата. За опозицијата клучно барање е формирање техничка влада, која ќе ги организира наредните избори. Заев ќе бара и нови измени во Изборниот законик, како и правична застапеност во медиумите, пред сè на јавниот сервис. Опозицијата ќе инсистира на спроведување на препораките на ОБСЕ дадени по изборите.
– Очекувам да почнат разговори со кои СДСМ кога ќе завршат разговорите ќе престане да ѝ прави штета на Република Македонија и на сите граѓани во неа. Не би сакал однапред да кажам што е прифатливо, а што не е прифатливо, не би сакал со ова интервју да ги убијам тие разговори што следуваат, мислам дека разговорите ќе почнат во вторник и би требало да се има еден разумен пристап од двете страни и да се најде начин како да затворат овие проблеми со кои се соочуваме, кои дојдоа по некои неразумни одлуки на опозицијата, да не навлегувам во тоа, мислам дека доволно беше кажано во изминатиот период околу мотивите зошто СДСМ и нивниот претседател излезе на таков начин во јавноста, сега повеќе би се задржал на иднината а иднината е да се затворат прашањата што ѝ прават штета на државата – истакна Груевски.
Сребата е закажана за 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.