Пилотот на исчезнатиот малезиски авион, по кој се трага од 8 март, кога исчезна од радарите, е главен осомничен, јавуваат медиумите.
Официјалните резултати од истрагата допрва треба да бидат објавени, но некои информации се проследени на странските влади, кои учествуваат во истрагата, јавува „Сандеј тајмс“.
Главен доказ за тоа е личниот симулатор на Захарие Шах, на кој постојат податоци кои покажуваат дека пилотот вежбал да скршне од рутата и вежбал слетување на кратка писта на остров.
Податоците се избришани, но ИТ експертите успеале да ги вратат.
Интересен е фактот дека Шах, единствениот од патниците и посадата на авионот „МХ 370“, немал друштвена или работна обврска за после летот. Официјалните податоци сѐ уште не се објавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.