| четврток, 6 декември 2018 |

Костарика на допинг контрола, Италијанците се сомневаат во афера

Doping-and-History-in-Sports1

Костарика во второто коло од групата Д од Светското првенство изненадно славеше со 1:0 и го осигура пласманот во вториот круг, а по натпреварот дури седум играчи од овој национален тим се повикани на допинг контрола.

Вообичаено е по двајца играчи од секоја репрезентација по натпреварот да бидат подложни на допинг тестирање, па повикот за контрола на 7 играчи од Костарика предизвика изненадување.

Италијанските медиуми веднаш „намирисаа“ афера, но од ФИФА набрзо стигна и објаснување.

-Двајца играчи од Костарика се тестирани според вообичаената процедура. Останатите петмина се на контрола бидејќи не го извршија допинг тестирањата пред натпреварот кој беше задолжителен, соопшти ФИФА.

Останува нејасно зошто пет репрезентативци од Костарика ја пропуштиле контролата пред натпреварувањето, односно зошто не се тестирани ни по првиот натпревар на Мундијалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top