
Германската канцеларка Ангела Меркел го оцени мировниот план, претставен од украинскиот претседател Петро Порошенко, како добра основа за политичко решавање на конфликтот во источниот дел на земјата, истакна портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
– Канцеларката ја поздрави изјавата на претседателот Порошенко за прекин на огнот. Треба да им се стави крај на страдањата на жителите од југоисточните реони на Украина, нагласи Зајберт.
Истовремено, Меркел ги повика сите страни да го почитуваат примирјето.
Таа е убедена дека „сега е вистинско време да се најде политичко решение за кризата и мировниот план на украинскиот претседател е многу добра основа за тоа“.
Украинската Влада вети дека ќе направи се што зависи од неа за успешно спроведување на мировниот план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции


