Сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија овие денови се потсетува на некои убави моменти од својот живот.
Поранешната членка на групата Спајс грлс и сопственичка на брендот со своето име, Викторија Бекам ја сподели со своите обожаватели фотографијата на Твитер, на која го покажува фустанчето кое го носела на првата средба со својот сопруг. Имајќи предвид колку е фустанчето кратко, нема сомнеж дека Дејвид бил маѓепсан од Викторија, која се уште има многу витко тело.
Таа покрај фотографијата напишала: „Видете што пронајдов! Фустанот кој го носев на првата средба со Дејвид.“
Викторија и Дејвид Бекам имаат четири деца – тројца синови Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.