| четврток, 6 декември 2018 |

Замина ли Заев на тајни средби во Грција за да ја свитка кичмата на државата?

 

СДСМ молчи  и по 72 часа од објавувањето на „Дневник“ за тајните средби на Заев во Грција.

Единствен одговор на лидерот беше изјавата полна со конфузни информации како на пример дека Струмица била збратимена со три Грчки општини.

Вистината е сосема поинаква.

Двете од трите збратимени  општини кои ги спомена дека ги посетил воопшто не постојат. Општината Панорама е укината пред четири години, а општината Аксиос во 2011 е припоена кон солунската префектура Делта.

Во јавноста останаа да висат во воздух прашањата кои што произлегоа од информациите на Дневник.

Зошто Заев во Грција влегувал без своето возило и кој го чекал од другата страна и тоа во моменти кога во Њујорк и Брисел се носеле важни одлуки за Македонија.

Дали се тоа луѓето кои што Заев сам ги споменува во своите изјави и пораки до други политичари.

Имало ли меѓу тие што го пречекале и „повисоки од надвор“ кои Заев ги споменува во СМС пораките кон Тачи.

Ако се среќавал со нив јавноста треба да знае  што ветил и што сторил лидерот на СДСМ за да направи политички договор со кој неговата партија ќе предизвика внатрешна политичка криза а тој ќе го добие тоа што го бара.

Со нив ли Заев го договарал бојкотот на Собранието и прекинот на политичкиот дијалог за кој знае дека речиси сигурно ќе влијае на одземањето на препораката за преговори со ЕУ што е најдобар аргумент на Атина во обидот целосно да ја илозира Македонија во Унијата. Друго прашање е што би добил Заев од своите партнери.

Решавањето на финансиските проблеми во кои влезе СДСМ уште на изборите во 2011 кога партиското седиште беше ставено под хипотека или пак добивање на фалсификувани документи кои Заев ги добива за да ги оцрни своите политички противници.

Дека станува збор за добро испланирана координација покажува и фактот што грчките медиуми блиски на грчката влада деновиве молчат иако тие реагираат на сите случувања во земјава.

Ако се земе предвид политичкото портфолио на Заев кој своевремено изјави дека треба да се подвитка кичмата за да се реши името не може да се исклучи дека патувањата на Заев во Грција биле со цел да се направи некаков договор во овој правец, или преддоговор според кој ако лидерот на СДСМ еден ден дојде на власт ќе може да ја скрши кичмата на државата и да се смени  името.

Во целата оваа ситуација можеби логично е што молчи Заев но сосема нелогично е што молчат и неговите сопартијци кои или не знаат или не се свесни дека нивниот лидер можеби влегува во игри кои што можат да доведат до национално предавство.

Ако тоа се потврди ниту тој ниту неговата партија нема да поминат неказнето, граѓаните овој пат нема да дозволат да поминне неказнето како екс министри од редовите на СДСМ кои што во деведесеттите добивале од Грција добивале на подарок скапи артефакти за да ја натераат земјата да прифати навредливи решенија за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top