| четврток, 6 декември 2018 |

Тотален театар со „Театра!“

privid_theatra-321x480

Утре со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Балет“ ќе биде изведен проектот  „Привид“ на „Театара“. За прв пат радио-сценско доживување на 3 различни медиуми за 3 типови публика!

„Привид“ е приказна која може да се следи на алтернативен физички простор што се користи како театарска сцена, а тоа е ноќниот клуб Балет. Претставата во клубот директно ќе се пренесува и на Метрополис радио мрежата во форма на радио драма, но од истата ќе има и директен аудио-визуелен пренос наwww.theatra.mk

Повеќе медиумски форми: сцената во Балет и директен пренос на радио приемници, интернет радио станица и интернет видео. На тој начин различна публика ќе доживее различни искуства: некои ќе гледаат на самата сцена, други ќе слушаат и трети ќе имаат можност да следат се’ на интернет.

Овој настан ги обединува сите идеи за драмскиот циклус на Театра „Секаде театар!“. Ова значи дека „Привид“ не само што ќе ги активира сите сетила кај публиката туку ќе ги стави и во функција на разоткривање на целата претстава. Со оваа идеја, ќе се изигра претстава што зборува за врската меѓу двајца луѓе, но таа физички ќе ги отсликува и нивните состојби и затскриени чувства и значења. Драмскиот текст е работен во процесот на подговотовки и претставува заеднички труд од целата екипа.

Учествуваат:Марија Зафирова, Васил Зафирчев, Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Викторија Илиоска, Билјана Стојкоска, а режијата е на Билјана Радиноска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top