
Македонија е цел на хакерски напад од „Молерат“, дел од групата „Газа хакер тим“. Според американските стручњаци, цел на напад биле владините агенции во Израел, Турција, Македонија, Словенија, Нов Зеланд, Летонија, САД и Велика Британија, потоа канцелариите на Европско-американската група преговарачи на Блискиот Исток, потоа британскиот сервис „Би-Би-Си“, американски финансиски институции и неколку организации на ЕУ.
Хакерите испраќаат електронска пошта со закачен документ/линк до одредени страници. Штетната програма веднаш се инсталира во компјутерот, а преку неа групата ги краде податоците. Изработени се и лажни сертификати за безбедност, исти како тие што компјутерот ги покажува за сомнителни содржини.
Истата група ја присили израелската полиција да го исклучи системот цела недела во 2012 година. Користејќи го истиот таканаречен „РАТ“ (алатка за далечински влез) во нападот против израелските цели, групата ги прошири своите акции кон странски влади, банки и медиуми.
Најдобар начин за заштита е да се инсталира добра заштитна програма и да не се отвораат пораки или содржини со сомнителна содржина, посочуваат стручњаци. Додаваат и дека современото живеење бара и најмалите деца да се предупредуваат на опасностите во кибернетичкиот свет. Така како што ги учиме дека треба да ги мијат рацете за да ги заштитиме од болести – споредуваат стручњаците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


