| четврток, 6 декември 2018 |

„Феникс“ објави нова книга од Салвадор Дали

dali portret

Издавачката куќа „Феникс“ во својата едиција „Аура“, деновиве ја објави новата книга „Јас сум гениј“ од Салвадор Дали. Станува збор за автобиографска книга во која авторот Салвадор Дали ги објаснува своите животни и уметнички постапки, комплекните основи на својата ескцентричност и бескрајната надреалистичка фантазија со која го обележа сликарството на дваесеттиот век.

Преводот е на Ана Димова, а во неа се содржани следниве тематски целини: тајниот живот на Салвадор Дали, раѓањето на Салвадор Дали, анегдотскиот авторитет, детството, младоста, каменото доба, средбата сп Гала, мојата борба и повторно Париз.

Делата на Дали се одликуваат со распространет симболизам.

-Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа, јас правам нешта што ме инспирираат со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено, вели за себе Дали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top