| четврток, 6 декември 2018 |

Избрана новата македонска Влада

Пратениците во Собранието на Република Македонија со 77 гласа „за“ и шест „против“ ја избраа новата Влада, чиј претседател е Никола Груевски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Nova vlada 06 (Custom)

Владата којашто повторно ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и најголемата партија на Албанците во Македонија -ДУИ, повторно за приоритет ќе ги има зголемувањето на економскиот раст, вработеноста и унапредување на животниот стандард на граѓаните, членството во ЕУ и НАТО, неселективната борба против корупцијата и криминалот, добрите меѓуетнички односи и развој на образованието и информатичката технологија, истакна во експозето пред гласањето, премиерот Никола Груевски.

Nova vlada 05 (Custom)

Mинистер за одбрана e Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за труд и социјална политика Диме Спасов, за локална самоуправа Љирим Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиески и за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Nova vlada 08 (Custom)

За министри без ресор се избрани Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф, Висар Фида и Горан Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top