Определби на Владата ќе останат борбата против корупцијата, безбедноста, независно и ефикасно судство, реформите во полицијата, транспарентност во нејзината работа и на администрацијата и поквалитетни услуги за граѓаните. Врвен приоритет и натаму ќе биде заштитата на човековите права, истакна мандатарот Никола Груевски образложувајќи ги приоритетите на новата влада.
– Високиот степен на безбедност, независното и ефикасно судство, натамошните реформи во полицијата и судството, јакнењето на одбраната, неселективно спроведување на правото остануваат наши определби за кои работиме. Исто како и транспарентна и ефикасна работа на Владата и јавната администрација и поквалитетни услуги за граѓаните и фирмите, преку длабоки реформи на јавната администрација – рече Груевски во обраќањето пред пратениците.
Заштитата на човековите права и слободи, потенцираше мандатарот, ќе останат врвен приоритет на Владата на Република Македонија, а борбата против корупцијата ќе продолжи со несмалено темпо, жестоко и ревносно, неселективно и бескомпромисно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.