| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле девет сообраќајни незгоди. Седум од нив биле со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле тројца возачи на автомобили и еден сопатник.

На скопските улчици се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Сообраќајната полиција вчера ловела и казнувала возачи на велосипеди со мотор, мопед и мотоцикли кои не ги почитувале правилата. Санкционирани биле 13 возачи кои сториле прекршоци, од кои на 10 покрај казна, издадена им е покана и за сообраќајна поука.

Казнети биле и тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, како и 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, од нив 18 со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни заработија и седум возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците и 10 возачи не го користеле безбедносниот појас, односно го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со специјалното возило „пајак“ вчера биле отстранети 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top