| четврток, 6 декември 2018 |

Драгана Мирковиќ: Во болница сум, ја повредив кичмата

dragana-620x368

Драгана Мирковиќ во сообраќајната несреќа, која ја доживеа пред една недела, се здобила со сериозна повреда, поради која ќе мора да се опоравува во наредните три месеци.

Имено, фолк пеачката ја повредила кичмата. Иако низ медиумите се пренесе информацијата дека после укажаната лекарска помош, е пуштена на домашно лекување, таа и понатаму се наоѓа во болница и не се знае колку ќе остане таму. Нејзиниот маж, Тони, поминал со полесни повреди.

– Се уште сум во болница, ја повредив кичмата и ми престојат три месеци опоравување. Поради луѓето, на кои искрено им е до мене и се грижат, сакам да кажам дека ќе бидам добро благодарејќи на грижата на сите – завршува Драгана, која секојдневно ја посетуваат сопругот, децата и пријателите.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top