| четврток, 6 декември 2018 |

Верица Илиќ ја спасила Драгана Мирковиќ од силување кога имала 16 години

Драгана Мирковиќ е жена без скандали, која има мирен и среќен семеен живот, а малкумина знаат дека пред да се омажи со Тони Бјелиќ со кого има две деца и живее во Виена, била во 10 годишна врска.

Пред Тони, Мирковиќ имала љубовна врска која траела десет години. Станува збор за некогашен бизнисмен, политичар и естраден менаџер Зоран Башановиќ. Зоран и Драгана биле заедно во текот на 90-тите. Во тоа време, Башановиќ не само што и бил момче на Мирковиќ туку и нејзин менаџер. Тој денес е женет за сопругата Бојана со која има ќерка.

Иако во нејзината кариера нема скандали Драгана Мирковиќ, нејзината пријателка проговори дека на почетокот на нејзината кариера, еден музички композитор се обидел да ја силува во хотелска соба.

Нејзината пријателка Верица Илиќ, била сведок на оваа случка. Верица е текстописец и новинар, која подоцна го напишала тоа во нејзината книга. Таа во својата книга напишала детали за тогаш, 16- годишната Драгана и многу постариот композитор.

– Во тоа време правев спотови за естрадните ѕвезди и тогаш ја запознав и Драгана. Снимивме спот за нејзиниот прв албум, а договорот беше татко и да ја носи и да ја зема од снимање. Меѓутоа тој заврши во болница, опериран, па се договоривме Драгана да остане кај мене неколку дена- почнала Верица да опишува како всушност тие две се нашле во хотел.

– Приказната со композиторот започна кога го снимавме вториот албум на Драгана, која како и за секое снимање престојуваше кај мене. Ние добивме покана за вечера од познатиот композитор, но кога стигнавме до ресторанот, истиот беше затворен, па отидовме во хотел. Тој многу пиеше, но беше ѕвезда на вечерта, и секоја песна која ја правеше беше хит- раскажала Верица.

Таа се присетува и на ноќта кога едвај ја спасила Драгана од постариот колега кој се обидел да ја силува.

-Беше два по полноќ и требаше да си одиме а тој беше многу пијан и требаше да не вози. Драгана беше исплашена и седеше до мене, но тој ја викна да поразговара со неа, па јас и реков дека може да оди, а јас ќе ја чекам пред врата, не ни претпоставував која му е намерата. Во еден момент слушнав врева и пробав да влезам, знаев дека ја приморува на нешто што не сака, но вратата беше заклучена.

Почнав силно да викам дека ќе ја искршам вратата, па тој ја отклучи, а Драгана се стрча кон мене. Веднаш повикав такси за да не одведе до Белград. Таа беше многу вознемирена и цело време пробував да ја смирам, и ја убедив да молчи зошто во тоа време тоа можеше да штети на нејзината кариера, но сега ова го пишувам за да се знае какви луѓе има и никој во такви да не гледа како на свој идол- заклучила Верица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top