| четврток, 6 декември 2018 |

Надал не може да биде пријател со Ѓоковиќ

French Open tennis tournament at Roland Garros

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, во изјава за „Марка“ вели дека не може да има ништо повеќе од коректен однос во моментов со неговиот најголем ривал Новак Ѓоковиќ.

– Тешко е да се биде пријател со некој кој ти е голем противник на теренот, а освен тоа и далечните места на живеење не дозволуваат чести контакти. Моите пријатели се од Мајорка и со нив се гледам секојдневно. Новак е или во Србија или во Монте Карло. Живееме во различни светови. Ако се гледаме во соблекувалните за време на турнирите, не значи дека сме пријатели. Пријателите ги познавате од детството – изјави шпанскиот тенисер.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Надал додава дека и тој и неговиот конкурент се свесни дека во тенисот некогаш се победува, некогаш се губи и дека тоа е составен дел од спортот.

– Кога сте на теренот, постои напнатост, тензија, но тоа не е лично, туку на професионално ниво. Немам ништо против него и не можам ништо негативно да кажам за него – вели Шпанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top