Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, во изјава за „Марка“ вели дека не може да има ништо повеќе од коректен однос во моментов со неговиот најголем ривал Новак Ѓоковиќ.
– Тешко е да се биде пријател со некој кој ти е голем противник на теренот, а освен тоа и далечните места на живеење не дозволуваат чести контакти. Моите пријатели се од Мајорка и со нив се гледам секојдневно. Новак е или во Србија или во Монте Карло. Живееме во различни светови. Ако се гледаме во соблекувалните за време на турнирите, не значи дека сме пријатели. Пријателите ги познавате од детството – изјави шпанскиот тенисер.
Надал додава дека и тој и неговиот конкурент се свесни дека во тенисот некогаш се победува, некогаш се губи и дека тоа е составен дел од спортот.
– Кога сте на теренот, постои напнатост, тензија, но тоа не е лично, туку на професионално ниво. Немам ништо против него и не можам ништо негативно да кажам за него – вели Шпанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.