
Грчкото Министерството за надворешни работи соопшти дека очекува од Германија објаснување во врска со информациите во медиумите дека германските служби за безбедност ја шпионирале електронската пошти на грчки граѓани.
– Меѓу пријателите, партнерите и сојузниците постојат определени правила за соработка и етика. Сигурни сме дека германската страна итно ќе ни одговори – се вели во соопштението.
Министерството напоменува дека и Германија има забелешки кон САД во врска со случајот за прислушување на канцеларката Ангела Меркел.
Грчкиот весник „Та неа“ вчера објави дека германската разузнавачка служба шпионирала е-пошта и мобилни телефони на граѓаните од 195 држави вклучувајќи ја и Грција, во рамки на операција за борба против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


