| четврток, 6 декември 2018 |

Грција очекува појаснување од Германија за шпионирањето на електронската пошта на грчките граѓани

email

Грчкото Министерството за надворешни работи соопшти дека очекува од Германија објаснување во врска со информациите во медиумите дека германските служби за безбедност ја шпионирале електронската пошти на грчки граѓани.

– Меѓу пријателите, партнерите и сојузниците постојат определени правила за соработка и етика. Сигурни сме дека германската страна итно ќе ни одговори – се вели во соопштението.

Министерството напоменува дека и Германија има забелешки кон САД во врска со случајот за прислушување на канцеларката Ангела Меркел.

Грчкиот весник „Та неа“ вчера објави дека германската разузнавачка служба шпионирала е-пошта и мобилни телефони на граѓаните од 195 држави вклучувајќи ја и Грција, во рамки на операција за борба против тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top