| четврток, 6 декември 2018 |

Летаат цепелини во „Борис Трајковски“, црвено-жолта фурија ја топи Грција

Лретаат цепелини во атрактивната игра на македонската ракометна репрезентација, а нашите гости Грците ги топи црвено-жолтата фурија.

По само 13 минути игра Македонија води во реваншот со 12-3 и веќе е во Катар на Светското првенство. Грците делуваат загубено во пеколот што го создаваат македонските навивачи, а делириум во салата „Борис Трајковски“ предизвика акцијата на Дејан Манасков и Кирил Лазаров, по која нашиот капитен со цепелин ја затресе мрежата на Грците.

Првиот меч во Атина го добивме со 27-25, па реечиси е сигурно дека ќе учествуваме на мундијалот во Катар следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top