Се чини нема крај на маките на Хрватска на мундијалот во Бразил, иако шампионатот е на самиот почеток. По грубата грешка на судијата Јоичи Нишимура, кој ги оштети против Бразил, вчера со досуден сомниелен пенал, сега стаса нова лоша вест за „коцкестите“.
Главниот адут на Хравтска, Лука Модриќ е повреден, има оток на скочниот зглоб и неговиот настап против Камерун во втората рунда е неизвесен. По еден старт на Луиз Густаво, Модриќ се пожали на повреда, но остана во игра. Веднаш по мечот играчоѕт на Реал Мадрид останал во Салвадор на преглед, наместо со хрватската експедиција да се врати во кампот Праија до Форте.
Ако не игра Модриќ, тоа ќе биде голем хендикеп за „коцкестите“, бидејќи фудбалерот од сердниот ред прикажа импресивни игри за Реал Мадрид сезонава и го освои шампионскиот пехар во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето со волците на Велебит: Сензационални снимки од Лука Модриќ додека чувал кози, волците го следеле до дома (видео)
-
Лука Модриќ ја освои „Златната топка“
-
Има милиони, а фура телефон од 100 евра: Лука Модриќ шокираше да доделувањето на ФИФА наградите!
-
Модриќ може да замине во Интер: Перез ја соопшти цената