Еден човек загина и еден е ранет откако во Донецк беше разнесено возилото на Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Народна Република Донецк.
Во момент на детонацијата, во автомобилот имало три лица. Пушилин во тоа време бил во Москва и наведува дека не го користел возилото во претходните два дена.
Експлозијата се сллучила на 100 метри од седиштето на администрацијата на регионот Донецк.
Засега не е познато кој го извршил нападот. На 7 јуни непознати лица го убија Максим Петрукин, близок соработник на Пушилинов и пратеник во локалниот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



