| четврток, 6 декември 2018 |

Групна изложба „Секвенци“ во Музеј на град Скопје

Вечерва со почеток во 20 часот во Отворенот графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба под наслов „СЕКВЕНЦИ“ на авторите Јовица Мијалковиќ, Христијан Санев, Шќипе Мехмети Авторите на изложбата ќе се претстават со повеќе дела  работени во последната година а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со еден несекојдневен третман на графичкиот ликовен медиум.

-Простор е оној кој ја превезува нашата реалност во светот на сублимација и духовна трансцеденција. Преку селектирање и структурирање на надворешната форма, до истражување на внатрешниот скриен простор, кој има своја динамика и лична геометрија. Целта е истражувањето на убавината на взаемниот однос, кој произлегува од потребата да се разбере поврзаноста на постоечките животни облици во непосредната околина, велат тие.

Проектот „Секвенци“, се всушност синтаксични ликовни компоненти во зададен формат, транспотрирани слики од внатрешниот или можеби надворешниот свет.

Композиции на слики, гласови. Она што поминало, што следи, заробени моменти на секојдневие, реално, надреално…На изложбата ќе бидат представени 10тина дела, од традиционален графички техники до дигитален отпечатоци.

Авторите, Јовица Мијалковиќ, Христијан Санев, Шќипе Мехмети учевствувале на голем број самостојни ликовни изложби, учества на групни меѓународни изложби, како и учества на ликовни колонии и ликовни работилници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top